За нас
Клучар Мики е компанија основана во Скопје во 2005 година од браќата Ордевски. Од самиот почеток, нашата цел беше јасна – да им помагаме на луѓето со брза, професионална и сигурна услуга. Специјализирани сме за сервис и отклучување на брави, како и изработка и кодирање на клучеви за сите видови возила и станбени објекти.
Нашиот тим работи со најсовремени европски алатки според фабричките протоколи. Веруваме во квалитет, професионалност и добра услуга. Со годините стекнавме искуство и доверба кај клиентите. За нас, секој човек што ќе влезе во нашиот дуќан не е само муштерија, туку некој на кој сакаме да му помогнеме. Секој клуч го правиме со внимание и посветеност, бидејќи безбедноста на нашите клиенти е наш приоритет.
Сега работиме на две локации (во Аеродром и East Gate) и сме горди што сме меѓу најдобрите во нашата професија.
Нудиме брза и професионална услуга за клучеви и брави. Работиме со најсовремени алатки за да обезбедиме сигурност и квалитет за нашите клиенти.
„Повеќе од клучар – партнер за сигурност.“
Сакаме да бидеме првиот избор за клучарски услуги во Македонија. Градиме доверба со искрен однос и врвен квалитет.
„Клуч за секоја врата.“
Нашите вредности
Премиум услуга
Квалитет
Професионалност
Брз сервис
Контактирајте нѐ!
За повеќе информации, посетете ги нашите дуќани или контактирајте нè на:
02/2466-024 | 075/282-417
